If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЗАПОЧНУВА СО ИЗГРАДБА ПАТОТ ПОДАРЕШ-КАЛУЃЕРИЦА
11289
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11289,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЗАПОЧНУВА СО ИЗГРАДБА ПАТОТ ПОДАРЕШ-КАЛУЃЕРИЦА

Дата

January 21, 2016

Категорија

Вести, Тековни Проекти

Во завршна фаза е реализацијата на уште еден крупен проект ветен пред  граѓаните на општина Радовиш, подготовките пред асфалтирање на локалниот пат Подареш-Калуѓерица се во завршна фаза.

 

Во текот на вчерашниот ден во просториите на општина Радовиш се одржа средба помеѓу преставниците од  Светска банка, фирмата изведувач „Гранит“ и Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов кој е иницијатор на овој проект.

 

Фирмата Гранит и официјално е воведена во работа и деновиве ќе започне со изведбени работи.

Средствата за овој капитален објект во висина од околу 500 000 евра  се обезбедени  преку Министерството за финансии со кредит од Светска банка,,

 

Должината на локалниот пат изнесува околу 4 км, и е од витално значење за жителите од овој регион, како што погоре спомнавме градежните работи ќе ги изведува градежната компанија „Гранит АД“ Скопје, а „Геинг“ од Скопје ќе биде фирмата која ќе врши надзор во реализацијата на овој проект.

Општина Радовиш најавува дека со забрзано темпо работат на нови проекти од  интерес на гражаните и најавуваат нови инвестиции и проекти и во овие студени денови.