ЗБРАТИМУВАЊЕ НА ОПШТИНА АЛИ АГА ОД ТУРЦИЈА И ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
April 27, 2015
Категорија
ВестиДеновиве делегација од општина Радовиш беше во посета на градот Али Ага во Република Турција со кој одамна се негуваат добрите односи и меѓусебните контакти, а исто така беше и дел од празнувањето на националниот празник „Денот на детето-23ти април”, каде што покрај официјалната делегација од општина Радовиш, беше и Фолклорниот ансамбл „Подарешани” од с.Подареш и дечињата од училиштата во с.Бучим и с.Тополница.
Нашата делегација предводена од градоначалникот Сашко Николов, оствари голем број на средби со домаќините и иселениците кои се во голем број токму во тој дели градот Измир.
Историски момент за двете општини беше потпишувањето на Повелбите за збратимување помеѓу Али Ага и Радовиш, каде што на официјалениот прием во општината од страна на Градоначалникот Серкан Ачар беше одржана оваа свечена церемонија и беа потпишани документите за меѓусебна соработка во сите области.
На средбата Градоначалникот Сашко Николов им се заблагодари за прекрасното гостопримство и топлиот прием од страна на домаќините, истакнувајки дека со ова потпишување на повелбата за збратимување се отвараат можностите за продлабочување на меѓусебната соработка и на економски план со отворената можноста за инвестирање на турските компании во нашата општина и отварање на свои производствени капацитети и фабрики. Градоначалникот Николов на градоначалникот Ачар му упати покана за наредна средба во Радовиш, посетувајки ја нашата општина и остварувајки уште една ваква билатерална средба на општински ниво.
Во текот на целиот престој нашиот ансамбал ФА „Подарешани” од Подареш и дечињата имаа настапи на повеќе места и локации низ општината Али Ага, кои беа во склоп на празнувањето на националниот празник „Денот на детето-23ти април”. Со нивните настапи успеаа да ја воодушеват и инпресионираат домашната публика, достојно претставувајки ја општина Радовиш и Република Македонија.