Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА НА ЗДРУЖЕНИЈА И НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ
11453
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11453,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА НА ЗДРУЖЕНИЈА И НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ

ЈАВЕН ПОВИК

За распределба на средства од буџетот на општина Радовиш на здруженија на граѓани и невладини организации од општина Радовиш за 2016 година

1. Се распишува оглас за распределба на средства од Буџетот на општина  Радовиш на заинтересирани  здруженија на граѓани и невладини организации од општина Радовиш за 2016 год.

 

2. Потребни документи за поднесување се:

–         Извештај за работата од претходната година потврден од Управниот Одбор со прилог завршна сметка  или Изјава од Централен регистар;

–         Програма за работа со финсиски план за 2016 година;

–         Преглед на проекти реализирани во 2015 година;

–         Проекти за тековната година и апликации до каде ги имаат доставено и датум на аплицирање со утврдена цел на проектот, очекуван резултат, до каде е постапката по аплицирањето;

–         Преглед на носители и донатори  на проектите;

–         Посебен извештај за потрошените средства добиени од ЕЛС општина Радовиш во 2015 година;

–         Тековна состојба од Централен регистар или банка.

3. Период на доставување на документите по објавениот Оглас од 18.03.2016 год. до 31.03.2016  год.

 

Доставување на потребните документи е на адреса Совет на општина Радовиш , Комисијата за Финансирање, Буџет и локален економски развој бул. Александар Македонски бр.7 Радовиш најдоцна до  31.03.2016 год.

Oglas-16

Дата

March 18, 2016

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија