ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА НАСТАНАТИТЕ ШТЕТИ ОД НЕВРЕМЕТО
Дата
January 24, 2015
Категорија
Вести, ИзвестувањеСе известуваат сите граѓани од Радовиш и населените места кои имаат претрпено штети од невремето кое ја зафати општината, да дојдат и пријават во просториите на општина Радовиш почнувајки од денес Сабота (24.01.2015 год) до Среда (28.01.2015 год).
Денес општина Радовиш има воспоставено дежурство, и во следните денови граѓаните ќе можат во следниве термини да ги поднесат пријавите:
Сабота (24.01) – од 11.00 – 17.00 час.
Недела (25.01)- од 08.00 – 15.00 час.
Понеделник (26.01) – од 7.30 – 15.30 час.
Вторник (27.01) – од 7.30 – 15.30 час.
Среда (28.01) – од 7.30 – 15.30 час.
Потребни документи кои граѓаните треба да ги достават заедно со пријавите за претрпените штети од невремето се (копија од Лична карта, копија од Имотен лист за парцелата на која е направена штетата – или договор за закуп).
По пристигнувањето на пријавите комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди при општина Радовиш ќе излезе на увид и проценка на настанатата штета.
Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди при општина Радовиш