ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВЕН УВИД ПО УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЦА ВО С.КАЛУГЕРИЦА, ОПШТИНА РАДOВИШ
Дата
April 21, 2022
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаВрз основа на член 62 став(10) Законот за урбанистичко планирање („Сл. в. на РСМ“ бр. 32/20), Општина Радовиш објавува :
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВЕН УВИД
Известување за јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на улица во с.Калугерица, Општина Радoвиш
Врз основа на член 62 став(10) Законот за урбанистичко планирање („Сл. в. на РСМ“ бр.32/20), Општина Радовиш го става на јавен увид Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на улица во с.Калугерица, Општина Радoвиш.
Јавниот увид трае 15 дена, од 21.04.2022 до 06.05.2022 год.
Во наведениот рок јавноста има можност да достави свои забелешки во однос на урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за изградба на улица во с.Калугерица, Општина Радoвиш, на адреса Бул.“А.Македонски“, бр.7 Радовиш, како и на е – адреса – www.radovis.gov.mk.
Пристигнатите забелешки ги разгледува комисијата за урбанизам од членот 38 од Законот за Урбанистичко планирање, која составува записник со образложенија за прифатените и неприфатените забелешки, што се објавува на службената веб страна на општината.
Надица Пранговска
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов