ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО УБ26
Дата
December 23, 2014
Категорија
Вести, Тековни ПроектиЗапочнаа работите околу зафаќање на атмосферските води во УБ26 (кај стариот базен) во Радовиш, со изградба на атмосферска канализација.
Атмосферските води кои се концентрираат на релативно големи површина во услови на краткотрајни и интензивни дождови формираат површинско течење кое се концентрира во долот кој гравитира кон Радовишка река.
Со урбанизацијата на подрачјето природното истекување во коритото на Радовишка река како реципиент е нарушено и се јавува излевање и нанесување штети на објектите по централниот дел од Радовиш.
Решавањето на овој проблем околу атмосферските води во УБ26 претставува еден од приоритетните цели на Градоначалникот Сашко Николов, а со изградбата на оваа канализациона мрежа ќе се реши долгогодишниот проблем со кој се соочуваат граѓаните на Радовиш при краткотрајни и интензивни дождови. Поради тоа потребата од изведба на атмосферска канализација е неминовна.
Атмосферските води ќе се зафатат со зафатна градба и ќе се канализираат во коритото на Радовишка река преку две цефки со ф1000мм поставени една до друга во должина од 220м.