ИЗЛОЖБА НА НАРОДНИ НОСИИ „ТРАДИЦИОНАЛНОТО НАСЛЕДСТВО НА ИЊЕВО“
Дата
November 13, 2017
Категорија
Вести, Култура„Традиционално наследство на село Ињево“- изложбата која беше денес отворена во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш, и е поставена во склоп на „Саемот на книги 2017“ кој се одржува од 13-17 Ноември во библиотеката во Радовиш. Градоначалникот Герасим Конзулов ја посети поставката на носиите и беше запознаен од авторот на изложба Валентина Пецанова за изложените експонати.