ИНТЕНЗИВНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЦА ВО КАЛУЃЕРИЦА
Дата
March 04, 2017
Категорија
Вести, Тековни Проекти„Општина Радовиш влегува во интензивна пролетна инфраструктурна офанзива. Се реализираат приоритетни проекти кои се отпочнати, а со доаѓањето на пролетта и подобрувањето на временската состојба очекувам отпочнување на повеќе нови проекти во поголем дел од населените места, како и успешно завршување на веќе отпочнатите во предвидениот временски рок.“- рече градоначалникот Сашко Николов.
Еден од нив е веќе започнатата изградба на улица во населено место Калуѓерица каде деновиве со одвиваат градежни активности односно земјените работи и се подготвува улицата за тампонирање и асфалтирање на истата, претходно ќе бидат поставени ивичњаци на тротоарната површина.
Улицата е во должина од 565 метри, тротоари од 1,5 м и предвидено е поставување на асфалтен слој од 5 см. Изведувач на работите е фирмата „Евтимов“ ДОО-Радовиш која има рок до крајот на месец април да ја заврши изградбата.
Средствата за ова инфраструктурна инвестиција се обезбедени од Буџетот на локалната самоуправа и изнесуваат 8.183.868 денари. Овој проект е еден од многуте со кој не само што се подобрува локалната патна инфраструктура, туку и се влијае на подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани во нашата општина, намалување на разликите во условите за живот во урбаната и руралните средини, а особено на жителите на населеното место Калуѓерица.