If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ИНТЕРЕН ОГЛАС број 2/2022 за пополнување на работo местo со унапредување
19186
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-19186,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 2/2022 за пополнување на работo местo со унапредување

Дата

April 04, 2022

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

Врз основа на член 48 од Законот за административните службеници (,,Сл.весник на РМ бр. 27/14,199/14,48/15,154/15,5/16,142/16 , 11/18 и Сл.весник на РСМ бр.275/19,14/20 и 215/21) и член 2 од Правникот за формата и содржината на интерниот оглас,начинот на поднесување на пријавата за унапредување,начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Сл. Весник на РМ  бр.11/15 и 35/18),Општина Радовиш, објавува:

 ИНТЕРЕН ОГЛАС број  2 /2022   за пополнување на работни места со унапредување   (превземи)

 

  1. Шифра: УПР0101Б04000

Назив:Раководител на Одделение за урбанизам и заштита на животната средина,Одделение за урбанизам и заштита на животната средина/Сектор за урбанизам ,комунални работи, заштита на животната средина и локален економски развој-1(еден) извршител.

 

-Посебни услови:

 

Стручни квалификации-ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен;

Вид на образование: архитектура,урбанизам и планирање

 

Работно искуство-најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку  една година на работно место во јавен сектор,односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.

 

-Потребни општи работни компетенции на напредно  ниво:

-учење и развој;

-комуникација;

-остварување резултати;

-работење со други/тимска работа;

-стратешка свест;

-ориентираност кон странките/засегнати страни;

-раководење и

-финансиско управување.

 

-Потребни посебни работни компетенции:

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски,француски,германски);

-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-потврда за положен испит за административно управување.

 

Работно време: понеденик до петок, од 07. 30-15 .30 часот,40 часа неделно работно време.

 

Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 29.693,00 денари.

 

  1. 2. Кандидатот кој аплицира на интерниот оглас треба да ги исполнува и следните општи услови:

да е државјанин на Република Македонија;

-активно да го користи македонскиот јазик;

-да е полнолетен;

-да има општа здравствена способност за работното место и

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија,дејност или должност.

 

-На интерниот оглас може да се јави административен службеник,вработен во Општина Радовиш,кој ги исполнува горенаведените општи и посебни услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и актот за систематизација,како и:

-да е оценет со оцена ,,A”или ,,Б”при последното оценување;

-да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;

-да поминал најмалку две години на истото ниво и

-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

-Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови,можат да ги приложат и следните докази:

-потврди за успешно реализирани обуки

-потврди за успешно реализирано менторство

-Рокот за доставување на пријавите изнесува 5(пет) дена,од денот на објавувањето на огласот.

-Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место(доколку истите ги немаат предходно доставено во персоналното досие)преку архивата на Општина Радовиш до Одделението за управување со човечки ресурси на адреса ОпштинаРадовиш,бул.Александар Македонски бр.2 како и до службената електронска адреса resursi@radovis.gov.mk со назнака ,,за интерен оглас”.

-Ненавремена,нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.

-Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на Секретарот на Општина Радовиш.

НАПОМЕНА:Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

Составил/

Контролирал/Петар Поп-Лазаров

 

 

                                                                                                              Секретар,

                                                                                                      Љупче Почивалец