КАЛУЃЕРИЦА И ВОИСЛАВЦИ СО РЕШАВАЊЕ НА ДЕЦЕНИСКИОТ ПРОБЛЕМ
До крајот на месец август ќе бидат завршени двата капитални проекти важни за жителите на населените места Калуѓерица и Восилавци.
Градоначалникот Сашко Николов денеска направи увид на она што досега е реализирано на проектите за изградба на канализациoните мрежи во населените места Калуѓерица и Воиславци.
До крајот на месец Август ќе биде целосно завршена реализацијата на проектите за изградба на канализационите мрежи во с.Калуѓерица и во с.Воиславци. Инвестиција од околу 1 мил. евра.
Овие средства се обезбедени од Министерството за Транспорт и врски и Владата на Република Македонија, при што во оваа прилика јавно им се забагодарувам за целокупната поддршка и финансирањето на овие проекти кој се од витално значање за жителите од населените места Калуѓерица и Воиславци – истакна Градоначалникот Сашко Николов.
Дата
July 28, 2016