If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | КАЛУЃЕРИЦА ЌЕ ДОБИЕ УЛИЦА ПО СИТЕ СТАНДАРДИ
12472
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-12472,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

КАЛУЃЕРИЦА ЌЕ ДОБИЕ УЛИЦА ПО СИТЕ СТАНДАРДИ

Дата

March 21, 2017

Категорија

Вести, Тековни Проекти

Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов денеска го посети населеното место Калуѓерица и на локацијата на која се гради улица во ова населено место се увери во интензитетот и квалитетот на работата на ова локација. Напоменувајќи ги сите претходно реализирани проекти.

 

Улицата е во должина од 565 метри, тротоари од 1,5 м и ширина од 5 метри, предвидено е поставување на асфалтен слој од 5 см. Изведувач на работите е фирмата „Евтимов“ ДОО-Радовиш која има рок до крајот на месец април да ја заврши изградбата. Средствата за ова инфраструктурна инвестиција се обезбедени од Буџетот на локалната самоуправа и изнесуваат 8.183.868 денари.

 

Овој проект е еден од многуте со кој не само што се подобрува локалната патна инфраструктура, туку и се влијае на подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани во нашата општина, намалување на разликите во условите за живот во урбаната и руралните средини, а особено на жителите на населеното место Калуѓерица.

 

„Горд сум што во мојот мандат 2013-2017 година поставив репер како треба да се работи и да се спроведуваат проекти во интерес на граѓаните на нашата општина за овој временски период во општина Радовиш се реализирани проекти главно во инфраструктурата од над 15 милиони евра. Приоритетите беа насочени кон градот, населените места и локалната патна инфраструктура. Во иднина се подготвуваат и други значајни проекти и инвестиции во нашата општина„ – рече градоначалникот Николов.