ЗАПОЧНА ИЗВЕДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНАТА МРЕЖА НА ОOУ КРСТЕ П. МИСИРКОВ
Дата
November 07, 2018
Категорија
Вести, Тековни ПроектиЗапочнати се градежни активности за изведба на нова канализациона мрежа на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ за решавање на долгогодишниот проблем со неефикасната метода на испумпување на фекалиите.
Новата инсталација ќе го надмине проблемот со непријатната миризба која се ширеше во училиштето и воедно ќе ги елеминира високите трошоци за електрична енергија -со изградба на мрежа базирана на целосен гравитациски транспорт.
Со овој инфраструктурен зафат се решава проблемот кој постоеше од самата изградбата на училиштето а најзасегнати беа дечињата и наставниците.
Општина Радовиш останува посветена на решавање на најважните проблеми на граѓаните.