ОДРЖАНИ 41-ВИТЕ „КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ“
Дата
November 17, 2014
Категорија
Вести, КултураВикендов во општина Радовиш во организација на Советот на Караманови средби при ОУ Центар за Култура „ Ацо Караманов “ а под покровителство на Градоначалникот, Советот на општина Радовиш и Министерството за култура на Република Македонија, по 41-ви пат беа одржани традиционалните „ Караманови средби “. Со тридневна програма, на достоинствен начин беше одбележана 70 годишнината од загинувањето на нашиот најголем поетски талент Ацо Караманов.
Главниот настан беше одржан во Сабота на 15.11.2014 год. во Центарот за култура каде што започнувајќи со Ликовна изложба „Номадите доаѓаат од хоризонтот“ на уметникот Leetiv Namaglanchivin од Монголија и Поетско – музичкиот перформанс „Тонови на големиот копнеж“ на Поетско студио „Кралџиџе“ со Пламенка Трајковска – виолина, свечено беа отворени 41-те Караманови средби.
По поздравните обраќања на Претседателот на друштвото на писателите на Македонија Г-дин Веле Смилевски и Градоначалникот на општина Радовиш Г-дин Сашко Николов, следуваше поетскиот караван„ Поетски мозаик“ после кој веднаш беше доделена и наградата „Караманов 2014“, која оваа година и припадна на поетесата Елена Пренџова за нејзината поетска книга „Љубољубна“, а исто така беше доделена и специјална награда за поетскиот ракопис „ Круг полу круг “ на поетот Игор Крајчев.
На манифестацијата учествуваа повеќе од 30 поети од земјата и странство а исто така беа претставени и голем број млади поети од Основните училишта од општина Радовиш.