КОМПАНИИТЕ И ГРАЃАНИТЕ ОД РАДОВИШ ЈА ДОКАЖУВААТ ХУМАНОСТА
Дата
August 09, 2016
Категорија
ВестиДел од компаниите и здруженијата од општина Радовиш активно се вклучуваат во Хуманитарната акција за настраданите во поплавите во Скопје.
Рудникот „Бучим“ донираше вода и конзервирана храна, фирмата „Церада пласт“ донираше вода, дел од Здруженијата во општина Радовиш донираа вода и други продукти, а се повеќе се зголемуваат и донациите од хуманите граѓани.
И денес Општинската организација на Црвен Крст од Радовиш во соработка со општина Радовиш на Плоштадот Св.Спасо Радовишки има поставено штанд за донирање на: вода, конзервирана храна, хигиенски средства, детергенти и др. продукти кои се неопходни за настраданите во поплавите.
Штандот на плоштадот ќе биде поставен до 19:00 часот.
Исто така, денес во Скопје замина и екипа од ЈП Плаваја со цел да помогне во расчистувањето на последиците од поплавите. Во кооординација со Центарот за кризи од Скопје, секако доколку биде потребно, и во наредните денови општина Радовиш ќе помага со човечки ресурси и механизација.
ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ И ДА ПОМОГНЕМЕ !