КОНЗУЛОВ: ЗАВРШЕНИ 5 ЗНАЧАЈНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ
Дата
September 02, 2019
Категорија
Вести, Реализирани ПроектиВо последните четири месеци во општината се рализирани пет значајни проекти за подобрување на патната и комунална инфраструктура. Станува збор за изградба и реконструкција на локални патишта, улици, тротоари и атмосферска канализација со кои се решаваат низа инфраструктурни проблеми и подобрува квалитетот на животот во општината.
„Успешно се реализирани пет проекти со кои се подобрува патната инфраструктура во општината. Дел од средствата се обезбедени од општинскиот буџет а дел преку Министерството за транспорт и врски. Обновена е улица Илија Алексов во склоп на рехабилитацијата на патниот правец Радовиш-Подареш како и патот од центарот на с. Злеово према клучката на магистралниот пат Радовиш-Струмица.“– изјави градоначалникот Герасим Конзулов.
Тој потенцира дека за два месеци општината ралзираше три инфраструктурни проекти со средства од општинскиот буџет.
„Завршивме со изградба на улица бр. 7 во с. Калуѓерица и улица бр. 10 во с. Ињево каде што е изградена и атмосферска канализација и тротоар. Во градот се поставени 2485м2 бехатон плочки, направен е паркинг и обновени се повеќе тротоари и прилази. Исто така, во месец јуни се изврши санирање на ударните дупки на повеќе локации во градот.“ – соопшти градоначалникот Конзулов.
Во селото Калуѓерица изградена е улица бр. 7 со должина од 1222 метри и ширина од 5 метри. Во селото Ињево изградена е улица бр. 10 со должина од 546 метри со тротоар и атмосферска канзализација во должина од 580 метри. Во градот е направен нов паркинг, обновени и изградени се повеќе тротоари и прилази. Поставени се 2485 м2 бехатон плочки.