КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА НОВИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
November 11, 2021
Категорија
Вести, СоветДенес во Центарот за култура “Ацо Караманов” беше одржана конститутивната седница на новиот Совет на општина Радовиш. Седницата ја отвори претходниот претседател на Советот Викица Манолева по што следуваше поздравен говор од страна на Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов.
Веднаш потоа следуваше верификацијата на мандатите на новоизбраните членови како и изборот на кандидационата комисија која ги даде предлозите за нов претседател на Советот.
За нов претседател на Советот на општина Радовиш со 11 гласа “за” беше избрана Моника Ристевска.
Следуваше потпишувањето на Изјавите за правата и должностите за член на Советот и на крајот беа избрани Комисијата за мандатни прашања како и членовите кои ќе учествуваат во склучување на бракови.