КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК ВО РАМКИТЕ НА „ПРОЕКТОТ ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ЕКОСИСТЕМСКИ-БАЗИРАНО НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД КАТАСТРОФИ
Дата
September 11, 2018
Категорија
ВестиВо просториите на општина Радовиш, денес се одржа координативен состанок во врска со имплементациjата на Еко-ДРР проектот, каде се продолжува со започнатите активности, кои се однесуваат на проектната локација во околината на село Коџалија.
Состанокот имаше за цел обезбедување на потребните податоци за тековно и непречено одвивање на проектот.
Покрај присутните претставници од JICA, претставници од локалната самоуправа, ЈП Плаваја, ЈП Македонски Шуми подружница Радовиш, РЦУК п.о.Радовиш вклучени во проектот, како и Претседателот на Совет на општина Радовиш и Пратеникот во Парламентот на РМ кои се запознаа со целите на проектот и бенефитите од истиот за дел од населението во општина Радовиш со цел заштита од последици од природни катастрофи-поплави.