ЛЕСС РАДОВИШ ОДРЖА ИНФОРМАТИВЕН СОСТАНОК СО ЛЕСС СКОПЈЕ И ТЕТОВО
Дата
June 11, 2019
Категорија
ВестиЧленови на Локалниот економски-социјален совет на Општина Радовиш заедно со членовите на ЛЕСС на Град Скопје и Општина Тетово како и претставници на Меѓународната организација на трудот (МОТ) одржаа работен состанок за оценување на функционалноста на локалните совети и споделување на искуства од работата на истите.
Учесниците дискутираа за постојната регулаторна и институционална рамка и улогата на ЛЕСС во унапредувањето на социјалниот дијалог на локално ниво како и имплементација на локалните политики и стратегии преку поддршка на трипартитни партнерства општина-синдикат-работадавач.
Економско-социјалните совети на локално ниво придонесуваат за креирање на нови работни места, и идентификување на потребите на пазарот на трудот помеѓу приватниот и јавниот сектор, посебно во делот на вработување кај младите лица.