МАКЕДОНИЈА ВРАБОТУВА
Дата
May 07, 2015
Категорија
ВестиВладата на Република Македонија започнува со реализација на проектот која опфаќа пакет мерки за вработување-МАКЕДОНИЈА ВРАБОТУВА чија примарна цел е борба за секое работно место.
Целта на овој проект е придвижувањето на економијата, забрзано отварање и создавање на нови работни места во приватниот сектор, спроведување на политики која ќе помогнат на илјадници и илјадници невработени лица, од различна возраст и со различен статус да се вработат. Овој проект претставува и значително надградување и проширување на мерката за вработување на млади со ослободување од плаќање придонеси 12 месеци, мерка која им помогна на огромен број на приватни компании, во намалување на трошоците за нови вработувања, во развој на нивниот бизнис. Сега пак, со новиот проект се овозможува олеснително и повластено вработување на неколку групи на невработени граѓани на нашата држава и огромен опфат на невработени граѓани кои ги исполнуваат условите и кои полесно и побрзо ќе стигнат до вработување и работно место, до редовна плата и до подобар и поквалитетен живот…. ПОВЕЌЕ ….