МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „ИЊЕВО 2003“
Дата
August 29, 2016
Категорија
Вести, СпортВо пресет на големиот празник Богородица во саботата беше одиграно финалето од овогодишниот меморијален турнир „Ињево 2003“.
На овој традиционален меморијален турнир учествуваа 16 екипи, а во финалето се сретнаа екипите на Бунарџик Бучим и Златно Зрно, каде што после регуларниот резултат 2-2, преку пеналите победник и освојувач на турнирот беше екипата на Златно Зрно. Претходно во малото финале со 3-то место се закити екипата на Дооел Петров.
Овој турнир кој се играше во Ињево во изминатите дваесетина дена беше со награден фонд од 200 илјади денари, а генерален покровител беше Општина Радовиш и Градоначалникот Сашко Николов кој на свечената церемонија ги додели наградите и пехарите за најуспешните екипи и поединци.