МИНИСТЕРОТ СУГАРЕВСКИ ВО РАДОВИШ: ЗАПОЗНАЕН СО ПРОЕКТОТ ЗА НОВИОТ РЕЗЕРВОАР И ЦЕВКОВОД
Дата
September 18, 2019
Категорија
ВестиГрадоначалникот Герасим Конзулов ,денес оствари работна средба со министерот за Транспорт и врски Горан Сугаревски.
Во рамките на посетата, министерот беше запознаен со тековните активности во проектот за изградба на новиот резервоар за вода и новиот цевковод со кој би требало да се реши проблемот со недостатоците на вода особено во високата зона на левата страна од градот.
Градоначалникот Конзулов изрази благоданост до министерот Сугаревски за поддршката која општината ја добива во делот на рехабилитација на патната инфраструктура.
„ -Оставаривме работна средба со министерот Сугаревски и јас задоволен од разговорот и помошта која Општина Радовиш ќе ја добие преку Владата. Граѓаните на општината можат да видат дека се работи и не се запоставени, имаме 10 км од клучката Ињево до Подареш завршен пат, илјада и осумсто метри заврши асфалтирањето од центарот на Злеово до мостот кон магистралниот пат. Аплициравме на проетки за изградба на локални патишта и очекуваме од Министерството за транспорт и врски нешто повеќе од милион евра средства за реализација на истите. Значи средства исклучиво наменети за изградба на патишта каде денес нема. “
По средбата министерот Сугаревски изјави дека во изминатите две години максимално се работи на изградба на нови водоводи и канализации затоа што во изминатите десет години многу малку или ништо не е вложувано во комуналната инфраструктура.
„- Денес сум во Радовиш и имав изворедна средба со градоначалникот Конзулов, пратеничката Ѓеорѓиева и претседателот Чаракчиев. Сериозно разговаравме за сите проекти кои се финансирани од централана власт но и за проекти кои се финанисрани од локалната самоуправа. Денес сме тука да извршиме увид во еден сериозен проект кој што е финансиран од КФБ банка и со буџетски средства од 860 илјади евра. Се работи за цевководи и резервоари со кои што ќе се реши во најголема мера прашањето на голем дел на луѓе во делот на чистата и пивка вода. Сакам да потенцирам дека ние исклучително сме посветени на изработка на овие проекти затоа што сметатме дека на најдобар можен начин ќе помогнеме на граѓаните ако ги да ги решиме прашања кои се поврзани со водовод и канализации. “