МИНИСТЕРОТ ШАПУРИЌ ВО ПОСЕТА НА РАДОВИШ
Дата
September 27, 2018
Категорија
Вести
Вчера, Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ беше во посета на општина Радовиш.
Градоначалникот Герасим Конзулов и Министерот Шапуриќ, разговараа на повеќе теми за подобрување на економскиот раст и постојаната комуникација со бизнис заедницата, како и за мерките на поддршка за странските и домашните инвеститори, исто така посетија неколку компании во Радовиш.
Министерот Шапуриќ истакна дека владината политика за економски раст ќе продолжи и ќе се надградува во понатамошниот период, како и определбата за постојана комуникација со бизнис заедницата за секоја од економските сфери. Секако дека и патот на Македонија кон ЕУ и НАТО ќе доведе кон унапредување на бизнис климата и темпото на инвестирање.