If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | МЛАДИНСКИ РАЗГОВОРИ ВО РАДОВИШ
14444
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-14444,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

МЛАДИНСКИ РАЗГОВОРИ ВО РАДОВИШ

Дата

May 31, 2018

Категорија

Вести

Вчера, во организација на Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје и општина Радовиш – градоначалникот Герасим Конзулов и советникот за образование Борче Панов, како и  во соработка со општинските основни училишта ООУ Никола Карев и ООУ Крсте Петков Мисирков, како и со средното училиште СОУ Коста Сусинов од Радовиш, а во рамките на реализацијата на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието  беа реализирани „МЛАДИНСКИ РАЗГОВОРИ ВО РАДОВИШ„

 

Овој настан беше организиран во салата на ОУ Центар за култура „Ацо Караманов„ Радовиш со почеток од 11, 00 часот, а на настанот учествуваа по 30 ученици од сите три општински училишта.

На оваа младинска трибина, младите активно учестуваа во разговорите на темата за меѓуетничката интеграција и граѓанското образование.

Овој форум беше поделен во два дела. Во првиот дел училиштата ги презентираа нивните поважни МИО проекти, коишто ги реализирале во текот на тековната учебна 2107 / 2018 година.

 

На почетокот од овој дел, координаторот за МИО од ООУ Никиола Карев – Славица Манчева направи презентација на МИО проектот „Заедничка прошетка на мешани групи ученици, наставници и родители од македонска и албанска националност од ООУ Никол Карев – Радовиш и ОУ Прпарими од с. Чегране – Гостивар. Спроведените активности во рамкиите на овој проект имаа за цел поттикнување на мултиетничката и меѓуетничката соработка  со другарување помеѓу учениците македонци од Радовиш и учениците албанци од с.Чегране и тоа преку засадување на садници и заедничка прошетка во градот Радовиш. За успешната реализација на овој  проект се погрижија наставниците Славица Манчева, Емилија Камчева, Илија Ковачев, Душко Хаџивасилев и 30 ученици од ООУ Никола Карев.

 

По презентацијата на ова училиште, презентација направија и наставниците Мевљуда Асанова и Гордана Здравковска од ООУ Никола Карев. Мевљуда Асанова нагласи дека ООУ Крсте Петков Мисирков е двојазично училиште и дека тиа се вклучени во МИО проектите уште од самиот почеток и дека во нивното училиште, учениците веќе сами предлагаат МИО проекти во повеќе области од образовниот процес. Потоа, таа нагласи дека во ООУ Крсте П. Мисирков се реализаа два исклучително интересни МИО проекти: Еко проектот со теренско истражување во мешан состав и Драмскиоот проект„Заедно растеме“,„Birlikte buyuruz”. Во продолжение, наставничаката Гордана Здравковска нагласи дека овој завршен МИО проект бил реализиран по нејзин текст, којшто бил преведен и на турски јазик и изведен со ученици од македонска и турска националност со единствена порака дека сите сме еднакви и дека другарството е важно, дека без другари е тажно.

 

На крајот од презентациите, своите МИО активности ги презентираа професорите Миле Арсов и Џафер Мемишоски и учениците од СОУ Коста Сусинов. Тие го презентираа проектот „Преведување и презентација на поезијата на турскиот поет со потекло од Радовиш – Илхами Емин и македонскиот поет од Радовиш Ацо Караманов„. Централен дел од нивната презентација беше читањето поезија од проектот од страна на ученици од турската националност.

 

По дискусијата и разговорите помеѓу учениците во кои беа презентирани и лични искуства од другарувањето со другарчиња од турска националност, учениците дискутираа и за граѓанското образование, т.е за усвојувањето на нови вештини за искажување на нивните потреби како дел од општествената заедница и тоа во сите сфери на граѓанскиот живот, коишто ги засегнуваат.

 

На крајот беше потенцирана и потребата од силната поддршка на општината во сите овие активности и беше договорен уште еден ваков настан – Младински разговори, но сега на отворено, во кругот на манастирскиот комплекс Оравичко манастирче Св Георгиј на почетокот од новата учебна 2018 / 2019 година.