„МУЗИЧКО ЛИКОВЕН ХЕПЕНИНГ“ ОД ХУМАНИТАРЕН КАРАКТЕР
Дата
August 22, 2018
Категорија
Вести, КултураВо склоп на програмата за празнувањето на празникот Св. „Спасо Радовишки“ вчера на плоштадот Св „Спасо Радовишки, се одржа музички ликовен хепенинг кој беше од хуманитарен карактер.
Талентирани дечиња од основните општински училишта цртаа ликовни творби кои се продаваа и средствата од ликовните творби ќе бидат наменети за дечиња кои се социјално загрозени и на кои им е потребна помош.
“Големо срце и креативност за нечија насмевка” – беше слоганот на овој настан.
Таленитаните дечиња кои учествуваа на овој ликовен хепенинг исто така добија скромни подароци од организаторот и покровител општина Радовиш.