НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ВОИСЛАВЦИ И КАЛУЃЕРИЦА ЌЕ ДОБИЈАТ ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА
Дата
July 16, 2015
Категорија
Вести, Тековни ПроектиНајавата за отпочнувањето на реализација на овој проект со задоволство ја дочекаа жителите на населеното место Воиславци кое целосно ќе биде опфатено и конечно ќе биде решен овој долгогодишен проблем во ова населено место.
Министерството за транспорт и врски го објави тендерот за изградба на локален канализационен систем во село Воиславци, кој според објавената јавна набавка изградбата на канализациониот систем е планирано да започне во текот на месец Септември.
За успешно спроведување и реализирање на овој капитален проект од страна на општина Радовиш за рекордно кратко време беа завршени изготвувањето на проектната документација, експропријацијата, и издадена дозвола за градба. Исто така да напоменеме дека до крајот на месец Јули ќе биде објавен тендерот за изведба на канализацијата во село Калуѓерица, со што и оваа населено место и неговите жители конечно ќе го решат долгорочниот и најголем проблем за оваа населено место.
Ова се два големи и капитални проекти за нашата општина, проекти кој долго време се очекувани од жителите на Воиславци и Калуѓерица и се надевам дека сите активности ќе се одвиваат според планираното – рече градоначалникот Николов. Со решавање на овие два капитални проекти општина Радовиш докажува дека цврсто чекори кон зацртаната цел – од Радовиш и неговите населени места да направи модерни и урбани уредени средини кој ќе ги задоволуват потребите на населениото.