НЕДЕЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА МОТОЦИКЛИСТИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ
Категорија
Известување, СпортИ З В Е С Т У В А Њ Е
Се известуваат граѓаните на Општина Радовиш дека од 16 до 26 јуни 2014 се одбележува неделата за безбедност на мотоциклистите во сообрќајот.
За таа цел Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Радовиш во соработка со Полициската станица од Радовиш и Мото клуб Џинка организира парадно дефиле на мотоциклистите од Општина Радовиш.
Парадното дефиле ќе се одржи на 20.06.2014 (петок) со почеток од 10.00 часот, а ќе се одвива низ следните улици: бул. ,,Александар Македонски”, ул. ,,22-ри Октомври”, ул. ,,Партизанска”, ул. ,,Илија Алексов”, кеј ,,8-ми Септември”, ул. ,,Илинденска” и ул. ,,Св Спасо Радовишки”.
Општински Совет за безбедност на патиштата на Општина Радовиш
Инаку оваа акција – неделата за безбедност на мотоциклистите во сообрќајот се одбележува во повеќе општини во Македонија,а мотото е „Безбедно на мотор“ е подобрување на условите и можностите за рамноправно учество на мотоциклистите во сообраќајот, подобрување на нивната безбедност во сообраќајот преку подигање на свеста за правилно однесување на мотоциклистите и подигање на јавната свест кај сите учесници во сообраќајот, особено на возачите на моторните возила за почитување на мотоциклистите како ранлива група учесници во сообраќајот.