ОБНОВУВАЊЕ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈАТА ОД НОВ
Дата
September 19, 2014
Категорија
Вести, Реализирани ПроектиДодека градиме еден нов современ Радовиш кој од ден на ден се повеке заличува на модерна метропола, не забораваме на минатото и на нашата славна историја,не ги забораваме луѓето и хероите кој со своите дела и саможртва пред олтарот на слободата дале огромен придонес за денешната наша слобода.Општина Радовиш и градоначалникот Николов се горди на своето револуционерно минато и на своите борци-херои, независно од кој период на нашето славно минато се тие. Дека оваа не се само празни зборови лесно може да се види на сите места во општината каде што постојат културно историски споменици.
И оваа година на инсистирање на градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов се одвоени средства за тековно одржување на истите,но тоа што не прави поразлични од другите е фактот дека покрај одржување на веке постоечките споменици ,општина Радовиш гради нови и ги надоградува и разубавува старите,нешто со кое посебно се гордееме.
Деновиве во завршна фаза е реконструкцијата и проширувањето и разубавувањето на споменикот на една од најсилните личности од нашето минато споменикот на дедо Дане Трајков на планината Плачковица, на местото каде што бил стрелан овој наш херој и носител на партизанска споменица ке никне еден прекрасен споменик каков и што му доликува на овој наш великан .Споменикот ке се модернизира и прошири и сигурно ке стане место кое редовно ке го постеуваат сите грагани на нашата општина и пошироко.
Истовремено со реконструкцијата и проширувањето на сопменикот на дедо Дане Трајков во завршна фаза е и изградбата на нов споменик на борците од НОВ и револуцијата во село Војславци,и овој споменик ке биде модерно и убаво уредено катче со кое на достоен начин ке им оддадеме почит на лугето кој својот живот го вградиле во темелите на слободен и демократски Радовиш.