ОБРАЗОВАНИЕТО НА НАЈМАЛИТЕ НАШ ГЛАВЕН ПРИОРИТЕТ !
Дата
September 30, 2016
Категорија
Вести, Реализирани ПроектиПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА НОВОТО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛО ПОКРАЈЧЕВО
Дека грижата за најмалите ни е главен приоритет на нас како локална власт покажува и фактот дека денес во село Покрајчево пуштивме во употреба ново училиште за кое општина Радовиш оддвои 4,7 милиони денари, а го изгради за само единаесет месеци.
На свеченото пуштање во употреба на новата училишна зграда покрај градоначалникот Николов присуствуваше и заменик министерот за образование Спиро Ристовски. Градоначалникот Николов кој пуштањето во употреба на оваа училиште го најави како заокружување на еден силен циклус на инвестиции во образованието во општина Радовиш со кој се создадоа модерни и современи услови за образование на нашите деца.
Покрај училиштето во село Покрајчево се изградени уште три други училишта а се инвестираше и во сите други училишта на територијата на општина Радовиш.