ОБЈАВА број 1/2015 (За отуѓување на градежно земјиште)
Дата
July 13, 2015
Категорија
Известувањеза отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија
по пат на електронско јавно наддавање во општина Радовиш
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план за град Радовиш , за намена Г2 –стопанство УБ.2 донесен со одлука на Совет на општина Радовиш, број 07-352/1 од 11.02.2015 година, , А1 домување во станбени куќи – Уб.15 донесен со одлука на Совет на општина Радовиш, број 07-2607/1 од 28.11.2006 година, А1 домување во станбени куќи – Уб.22 донесен со одлука на Совет на општина Радовиш, број 07-1320/1 од 09.07.2010 година и А2 Колективни станбени зградаи УБ 8и9 донесен со одлука на Совет на општина Радовиш, број 07-1890/1 од 25.09.2013 година, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, број на катастарска парцела опфатена со градежната парцела, висина до венец- катност , вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.