ОГЛАС ЗА ЧЛЕНОВИ НА ПАРТИЦИПАТИВНО ТЕЛО ЗА УРБАНИЗАМ
Дата
November 12, 2020
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаГрадоначалникот на општина Радовиш, согласно член 46 од Законот за урбанистичко планирање сл.весник на РСМ бр.32/2020г. Објавува:
Оглас за членови на партиципативно тело за урбанизам
Согласно член 46, став 3 од Законот за урбанистичко планирање, партиципативно тело се состои од членови на комисијата за урбанизам на Општината што ги одредува Градоначалникот и стручни лица вработени во правното лице што ги изработува: урбанистичките планови што се предмет на расправа, преставници на урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општините, стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирање и одржливиот развој на градот.
Партиципативното тело се формира од доброволно пријавени лица по јавениот оглас.
Огласот за пријавување на членовите трае 30 дена од денот на објавувањето на WEВ страна на Општината и во писмена форма со излагање на Огласот на јавно место. Пријавите од заинтересираните лица се поднесуваат во архивата на општината.
Општина Радовиш
Градоначалник Герасим Конзулов