If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И ХЕНДИКЕП
11257
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11257,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И ХЕНДИКЕП

Дата

December 03, 2015

Категорија

Вести

Градоначалникот Сашко Николов по повод 3-ти декември-„Меѓународниот ден на лицата со попреченост“ и „Лицата со хендикеп“ денес го посети Здружението „Мобилност“, Здружението на трудови инвалиди од Радовиш и Дневниот центар „Порака“.
Знаеме дека секогаш постојат проблеми и предизвици со кои се соочуваат овие лица – тие се системски и долготрајни и бараат мобилизираност на сите чинители во општеството. Отстранување на сите видови бариери, инклузивност во образованието, развој и поголема достапност на нови сервиси за поддршка, подигнување на капацитетот на сите институции, и поголема вклученост во општеството на овие лица се целите со кои треба да се справуваме во иднина, а со еднствена цел и овие лица да не бидат запоставени и заборавени од општеството. Ние како општина Радовиш секогаш во рамките на своите можности ќе им помагаме на овие здруженија и нивните членови –истакна Градоначалникот Сашко Николов.

 

 

Од страна на членовите од овие три здруженија од Радовиш на Градоначалникот Сашко Николов му беше изразена благодарност за досегашната успешна соработка и разбирање на нивните потреби, а Здружението „Мобилност“ и Здружението на трудови инвалиди од Радовиш му искажаа посебна благодарност за отстапените работни простории во спортската сала.