ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО
Дата
April 07, 2015
Категорија
ВестиДенес во ЈЗУ Здравен дом во Радовиш, по повод Светскиот ден на здравјето беше организирана свеченост со кој беше одбележан овој ден, а исто така беа доделени благодарници за голем број на помагатели и соработници. Во продолжение на прославата беше остварен прием за гостите на кој се обрати Директорот Јован Ристов, кој им се заблагодари на сите присутни за досегашната успешна соработка и поддршка која ја дават на ЈЗУ Здравен дом Радовиш.
Повод Светскиот ден на здравјето и здравствените служби, Градоначалникот Сашко Николов беше присутен на свеченоста во ЈЗУ Здравен дом Радовиш, каде што им го честиташе на вработените посакувајки им многу здравје и успешност во работата.
Светскиот ден на здравјето за 2015 година е посветен на безбедноста на храната, со мотото – За безбедна храна, од нива до трпеза.
7-ми април, Светскиот ден на здравјето, е една од најдобрите прилики да се зголеми свеста за глобалните здравствени приоритети. Темата го нагласува значењето на обезбедување на спремноста и прилагоденоста на здравствените капацитети да одговорат на опасностите и да им пружат помош на оние лица кои се дирекно загрозени, како и на околните заедници. Здравствените капацитети ги вклучуваат сите објекти и простории во кои се пружаат здравствените услуги, од високоспецијализираните болници на терциерно ниво, па до здравствените домови на примарни ниво.