одлука за избор за унапредување на административен службеник по интерен оглас број 2/2022
Дата
April 27, 2022
Категорија
Вести, Известување, Соопштенија
Согласно член 52 од Законот за административни службеници (Сл. Весник на РМ бр.27/14,199/14,48/15,154/15,5/16 и 142/16 и 11/18) Секретарот на Општина Радовиш донесува:
О Д Л У К А
за избор за унапредување на административен службеник по интерен оглас број 2/2022
- Кандидатот Надица Пранговска се избира за унапредување на работното место-УПР0101Б04000 Раководител на Одделение за урбанизам и заштита на животната средина во Секторот за урбанизам,комунални работи,заштита на животната средина и локален економски развој во Општина Радовиш.
- Оваа одлука ќе биде објавена на веб страната на Општина Радовиш.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
-Општина Радовиш објави интерен оглас број 2/2022 (архивски број 09-578/1 од 24.03.2022 година) за пополнување на погоренаведеното слободно работно место преку унапредување.
-Од извршениот увид во Записник од извршена административна селекција за интерен оглас број 09-578/7 од 19.04.2022 година составен од Комисијата за селекција за унапредување се констатира дека за работното место–Раководител на Одделение за урбанизам и заштита на животната средина административната селекција ја поминал избраниот кандидат Надица Пранговска со освоени 13,05 бодови во прва фаза од селекцијата .
-Од извршениот увид во Записник од работата на комисијата за селекција за унапредување на здминистративен службеник заради спроведување на интервју број 09-578/8 од 21.04.2022 година се констатира дека избраниот кандидат за работното место –Раководител на Одделение за урбанизам и заштита на животната средина освоил 25 бодови од спроведеното интервју .
-Од извршениот увид во финална ранг листа на интервјуираните кандидати и предлог одлука за избор на прворангирани кандидати се констатира дека кандидатот Надица Пранговска се предлага за унапредување на работно место –Раководител на Одделение за урбанизам и заштита на животната средина .
-Од тие причини се одлучи како во диспозитивот на оваа одлука согласно член 52 од Законот за административни службеници.
Поука за правно средство: Против оваа Одлука е дозволена жалба во рок од 8 дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Радовиш, до Агенцијата за администрација.
составил/Емилија Тамакарова
контролирал/Петар Поп-Лазаров
С е к р е т а р,
Љупче Почивалец