If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА
11422
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11422,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА

 

Врз основа на член 65, став (6) од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12 и 93/13), Општина Радовиш на ден 10.03.2016 година донесе:

 

ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА

 

  1. За планскиот документ, урбанистички план (УП) вон населено место за лесна индустрија локалитет ,,Долна Рудина,, КО Ињеви-вон град, Општина Радовиш кој се носи согласно Законот за животна средина, согласно член 65 не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина;

 

  1. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Радовиш www.radovis.gov.mk;

 

  1. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на долуката за спроведување односно неспроведување на стратегиската оцена донесувањето на планскиот документ,  урбанистички план (УП) вон населено место за лесна индустрија локалитет ,,Долна Рудина,, КО Ињеви-вон град, Општина Радовиш  нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Планскиот документ е УП за лесна и незагадувачка индустрија.

 

  1. Против ова одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната.

 

 

 

pdf_icon_50 ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА  (превземи)

Дата

March 11, 2016

Категорија

Известување, Соопштенија