If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ЛУПД ЗА ФОТОНАПОНСКА СОЛАРНА ЦЕНТРАЛА-Е2 СО МОЌНОСТ ДО 300КW НА КП БР. 1101
15892
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-15892,ajax_updown,page_not_loaded,,boxed,no_animation_on_touch,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ЛУПД ЗА ФОТОНАПОНСКА СОЛАРНА ЦЕНТРАЛА-Е2 СО МОЌНОСТ ДО 300КW НА КП БР. 1101

Дата

April 18, 2019

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/19), општина Радовиш, на ден 04.04.2019 година, донесе

 

Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена

 

  1. За планскиот документ ЛУПД за фотонапонска соларна централа-Е2 со моќност до 300кW на КП бр. 1101, КО Раклиш-вон град, општина Радовиш, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Радовиш, www.radovis.gov.mk
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ЛУПД за фотонапонска соларна централа-Е2 со моќност до 300кW на КП бр. 1101, КО Раклиш-вон град, општина Радовиш, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето на планскиот документ ќе придонесе за: намалување на емисиите во воздух, вклучувајќи намалени емисии на стакленички гасови и придонес кон ублажување на климатските промени, зголемување на енергетската ефикасност во однос на постоечките постројки во секторот енергетика, подобрување на услугите во производство и снабдување со електрична енергија, намалување на зависноста од увоз на струја, отварање на нови работни места, подобрување на бизнис климата, подобрување на квалитетот на живеење и зголемување на животниот стандард на населението. Имплементацијата на планскиот документ со својата намена за користење на обновливи извори на енергија е во насока на реализација на генералните цели на одржливиот развој преку намалување на вкупните емисии во воздух од производство на електрична енергија на конвенционален начин. Со правилно планирање и проектирање и добра анализа на влијанијата, предвидената активност во својата оперативна фаза нема да претставува значителен товар врз животната средина.

 

pdf_icon_50