ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА
Дата
July 28, 2020
Категорија
Вести, ИзвестувањеВрз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/19), општина Радовиш, на ден 04.04.2019 година, донесе
Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ измена и дополна на ДУП за УМ А дел од УБ 1 и 8, со намена Г2, Г3, Г4, Д3, во КО Радовиш, општина Радовиш, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Радовиш, www.radovis.gov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ измена и дополна на ДУП за УМ А дел од УБ 1 и 8 со намена Г2, Г3, Г4, Д, во КО Радовиш, општина Радовиш, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето на планскиот документ ќе придонесе за: позитивни импулси и ефекти врз целото непосредно опкружување од аспект на повисока уреденост на просторот. Се иницираат градежни активности за реализација на градби во рамките на градежните парцели, со чија реализација и уредување на парцелите се придонесува на квалитетот на уреденост на градот. Градежните парцели се развиваат согласно современите урбанистички принципи со класа на намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, Г3-сервиси, Г4-стоваришта. Сите слободни површини од парцелите хортикултурно да се уредат со зеленило. Со разработка на блокот
се отвараат нови работни места, подобрување на бизнис климата, подобрување на квалитетот на живеење и зголемување на животниот стандард на населението. Имплементацијата на планскиот документ со својата намена е во насока на реализација на генералните цели на одржливиот развој Со правилно планирање и проектирање и добра анализа на влијанијата, предвидената активност во својата оперативна фаза нема да претставува значителен товар врз животната средина.
- Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.