ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА – За планскиот документ измена и дополна на УПС Раклиш за блок 1,2,3,4,5,6,7,8,9,10,11,12, со намена А1, В2, В5, Д1, Д2, Д3, Е1, Е2 во КО Раклиш, општина Радовиш
Дата
September 14, 2020
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаВрз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/19), општина Радовиш, на ден 04.04.2019 година, донесе
Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ измена и дополна на УПС Раклиш за блок 1,2,3,4,5,6,7,8,9,10,11,12, со намена А1, В2, В5, Д1, Д2, Д3, Е1, Е2 во КО Раклиш, општина Радовиш, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Радовиш, www.radovis.gov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ измена и дополна на УПС Раклиш за блок 1,1,3,4,5,6,7,8,9,10,11,12, со намена А1, В2, В5, Д1, Д2, Д3, Е1, Е2, во КО Раклиш, општина Радовиш, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето на планскиот документ ќе придонесе за: позитивни импулси и ефекти врз целото непосредно опкружување од аспект на повисока уреденост на просторот. Се иницираат градежни активности за реализација на градби во рамките на градежните парцели, со чија реализација и уредување на парцелите се придонесува на квалитетот на уреденост на градот. Градежните парцели се развиваат согласно современите урбанистички принципи со класа на намена A1 – домување во станбени куќи, В2-здравство и социјална заштита, В5-верски институции, Д1-парковско зеленило, Д2-заштитно зеленило, Д3-спорт и рекреација, Е1-комунална инфраструктура, Е2-комунална супраструктура. Сите слободни површини од парцелите хортикултурно да се уредат со зеленило. Со разработка на блокот се врши подобрување на бизнис климата, подобрување на квалитетот на живеење и зголемување на животниот стандард на населението. Имплементацијата на планскиот документ со својата намена е во насока на реализација на генералните цели на одржливиот развој. Со правилно планирање и проектирање и добра анализа на влијанијата, предвидената активност во својата оперативна фаза нема да претставува значителен товар врз животната средина.
- Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
Бр. 26 – 740/3
Датум: 27.08.2020 г.
- Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена
- Формулар за Неспроведување на стратегиска оцена
- Известување од МЗСПП