ОДРЖАНА ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
November 17, 2021
Категорија
Вести, СоветВо салата за состаноци во општина Радовиш денеска се одржа втората седница на Советот на општина Радовиш.
Седницата ја водеше Претседателката Моника Ристевска, а се работеше со дневен ред од три точки: Предлог-Решение за формирање на постојани комисии на Советот на Општина Радовиш. Предлог-Решение за формирање комисија за изготвување Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Радовиш за 2021 година., и се усвои извештајот од работното тело на Советот на Општина Радовиш.