ОДРЖАНА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ВО ЈУГОИСТОЧЕН РЕГИОН
Дата
June 11, 2019
Категорија
ВестиВо деновите четврток и петок, 06 и 07 јуни 2019 година во Струмица, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион беше домаќин на Меѓународна конференција за рамномерен регионален развој во Југоисточен регион.
Над 20 говорници од земјата и странство преку презентации, панел и пленарни дискусии, споделуваа практики и добри искуства во приоритетни области кои придонесуваат кон рамномерен регионален развој и поттикнуваат соработка и вмрежување на клучните чинители од регионот.
За време на првиот ден се дискутираа практики и предизвици на Југоисточниот регион во областа на младите и образованието, инфраструктурата, мали и средни претпријатија и животна средина, а во текот на вториот ден за информатичка и комуникациска технологија, граѓански органицазии и туризам.
Aктивно учество зедоа над 80 учесници и тоа Градоначалниците на општините од ЈИПР, претставници од општинските администрации, комуналните претпријатија, бизнис секторот, акадамскиот сектор, ученици, граѓански организации од земјата и странство.
Оваа конференција се организира во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ кој е финансиски поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка. И на истата беа донесени заклучоци и препораки во која насока понатаму и со кои проекти за рамномерен регионален развој да се движи нашиот регион.