ОДРЖАНА 36 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
November 06, 2019
Категорија
ВестиВчера беше одржана 36-та свечена седница на Советот на општина Радовиш, по повод „6-ти ноември“- јубилеј 75 години од ослободувањето на Радовиш.
На оваа свечена седница на Советот на општина Радовиш, на предлог на комисијата за награди и признанија беше донесена Одлука за доделување на овогодишните 6-то ноемвриски признанија и плакети. Свое обраќање имаше Претседателот на Советот Коле Чаракчиев, Моника Ристеска претставник од советничката група, и дел од советниците во Советот на општина Радовиш.
На 36-та седница освен свечениот дел се донесоа три одлуки од работен карактер поврзани со реконструкцијата на јавното осветлување и мерки на енергетска ефикасност во системот на јавно осветлување во општина Радовиш.