ОДРЖАНА 45 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
January 25, 2016
Категорија
Вести, СоветСоветот на општина Радовиш денес ја одржа својата 45 редовна седница. На оваа седница заседаваше Претседателот на Советот Никола Миовски, а се работеше со однапред донесен дневен ред од 12 точки.
Овде беа разгледувани и усвоени Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на општина Радовиш 2016 год., а исто така беше донесена одлука за соработка и учество со заеднички проект со бугарската општина Хаџидимово на прекуграничната програма како и донесена Одлука за распишување на оглас за доделување на финансиски средства на спортски организации за 2016 година.
Во склоп на седницата беа разгледани и другите точки од дневниот ред, а беа усвоени и извештаите од работните тела на Советот.