60 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ.
Дата
March 14, 2017
Категорија
Вести, СоветНа денеска одржаната седница на Советот на општина Радовиш присутните членови расправаа по 31 точка од дневниот ред. Беа усвоени годишните сметки на Буџетот на општината, на сите основни училишта во општината, Детската градинка, Центарот за култура „Ацо Караманов“, и јавните претпријатија чиј основач е општината.
Беа разгледани и годишните извештаи за работа на ТППЕ-Радовиш и ЈП „Плаваја“, а беше усвоена и Предлог-програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на општина Радовиш за 2017 год.
Исто така членовите на Советот на општина Радовиш позитивно се изјаснија во врска со повеќе точки кои се однесуваа на вклопување во плански опфат на бесправно изградени објекти.