ОДРЖАНА VII-ИТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
March 02, 2018
Категорија
Вести, СоветВрз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа и Статутот на општина Радовиш, Советот на општина Радовиш, врз основа на претходно донесеното Решение вчера беше одржана VII- Итна седница со 14 точки од дневниот ред.
Седницата се одржа со почеток од 15.30 часот. во салата за состаноци во зградата на општина Радовиш, а претходно беше одржано продолжение на VI седница.
На оваа седница советниците разгледуваа и донесоа повеќе Предлог-Одлуки за согласности и изработка на пректни документации за изградба на повеќе инфраструктурни проекти.