ОДРЖАНА VIII-ИТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
March 16, 2018
Категорија
Вести, СоветСоветот на општина Радовиш вчера ја одржа 8-та итна седница по која се расправаше на однапред донесениот дневен ред од 16 точки.
Пред почетокот на оваа седница советниците ги разгледуваа останатите точки од одложената 6-та седница, а после паузата се продолжи со новата седница на која не учествуваа советниците од опозицијата.
Итноста на оваа седница како што образложи Претседателот на Советот Коле Чаракчиев е тоа што требаше да се разгледуваат и усвојуват Предлог-Одлуки за Годишните сметки на повеќе установи како што се: ЈП Плаваја, РК Радовиш, ООУ Никола Карев, ООУ Крсте П. Мисирков, ООУ Орце Николов, ООУ Кирил и Методиј, ООУ Коста Рацин, ЈОУДГ Ацо Караманов, ЈПССО Радовиш, СОУ Коста Сусинов, ОУ ЦК Ацо Караманов и ОНБ Браќа Миладиновци.
Советот на општина Радовиш исто така ја разгледуваше и Предлог одлуката за усвојување на Годишната сметка на Буџетот на ЕЛС Радовиш за 2017 година.
За сите наведени точки од девниот ред пред нивното усвојување дадоа образложение овластените лица од институциите кои беа за Годишните сметки.