ОДРЖАНА XI-ИТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
May 10, 2018
Категорија
ВестиВчера Советот на општина Радовиш ја одржа својата 11-та Итна седница на која се разгледуваа 32 точки од дневниот ред.
На оваа седница се разгледуваа голем број на Предлог-одлуки и Извештаи за реализирани програми. Советниците на оваа седница исто така разгледаа и усвоија повеќе точки кои беа дополнети на Дневниот ред на иницијатива од Градоначалникот Герасим Конзулов.
Советот на општина Радовиш ја разгледуваше и Предлог-одлуката за партнерство и аплицирање на вториот повик за предлог проекти 2014-2020 година од ИПА програмата помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.