ОДРЖАНА XX. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
October 18, 2018
Категорија
Вести, СоветСоветот на општина Радовиш вчера ја одржа својата редовна 20-та седница, со која претседаваше Претседателот на Советот Коле Чаракчиев.
На оваа седница беше работено со дневен ред од 73 точки, од кои две беа повлечени, една одложена за наредната седница, а советниците усвоија 70 точки предложени во дневниот ред.
На седницата на почетокот Советниците имаа можност да поставуваат Советнички прашања на кој одговор даде Градоначалникот Герасим Конзулов.
Во продолжение на седницата советниците ги разгледаа и усвоија точките од дневниот ред кои се Предлог одлуки за проширување на програмата за изработка на уредување на градежно земјиште, изградба, реконструкција и одржување на комунални објекти и локални патишта во општина Радовиш, а исто така се разгледаа и усвоија и годишните извештаи и програми за работа на образовните институции во општината.
Фото Галерија