ОДРЖАНА XXIV СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
January 31, 2019
Категорија
Вести, Совет31.01.2019, Во салата за состаноци на општината се одржа првата седница на Советот во 2019 година со 9 точки на дневен ред.
Претседателот Коле Чаракчиев ја отвори седницата со иницијатива која беше прифатена од сите советници а се однесува на подобрување на ефикасноста во работењето на советот во новата година.
По претходна координација со советничките групи, првата точка за советнички прашања беше одложена поради оправдано отсуство на градоначалникот Конзулов.
Усвоени беа следните точки:
- Разгледување на Одлуката за Предлог План за запишување на ученици во прва година во учебната 2019/2020 година во СОУ Коста Сусинов Радовиш;
- Разгледување на пристигнатите предлози за Избор на најдобар спортист и спортска екипа на Радовиш за 2018 г.;
- Предлог Одлука за пристапување кон измени и дополнување на Статутот на општина Радовиш;
- Предлог Одлука за пристапување кон измени и дополнувања на Деловникот за работа на Советот на општина Радовиш;
- Предлог одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2019 година;
- Предлог Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Радовиш за 2019 година;
- Усвојување на Извештаите од работните тела за Советот на општина Радовиш.
Додека не усвоени останаа две точки и тоа:
- Предлог Одлука за одобрување финансиски средства на ЈПССО Радовиш 2014 Радовиш- вода;
- Предлог Одлука за одобрување финансиски средства на ЈПССО Радовиш 2014 Радовиш -електрична енергија.