ОДРЖАНИ 24-ТИТЕ РЕПУБЛИЧКИ ПЕНЗИОНЕРСКИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ
Дата
September 23, 2019
Категорија
ВестиРадовиш вчера беше домаќин на „24-тите Републички пензионерски спортски натпревари 2019“ во организација на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија и Здружението на пензионерите од Радовиш и Конче.
На игрите присуствуваа вкупно 846 пензионери, додека учество зедоа 504 натпреварувачи во 11 дисциплини од 46 здруженија на пензионерски членови на СЗП на Македонија.
Поздравни обраќања на отварањето на годинешните спортски натпревари имаа Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, Претседателот на СЗПМ Станка Трајкова, Градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев и Претседателот на Комисијата за спорт и рекреација при СЗПМ Здравко Петковски.