ОДРЖАНИ „45 КАРАМАНОВИ СРЕДБИ“
Дата
November 26, 2018
Категорија
Вести, КултураИ оваа година, Радовиш го славеше ликот и делото на на големиот поет – македонскиот Рембо – Ацо Караманов. Центарот за култура Ацо Караманов во соработка со ОНБ Браќа Миладиновци Радовиш и Друштвото на писателите на Макеоднија го реализираа 45 издание на „Карамановите поетски средби“во чест.
Во деновите 22, 23 и 24 Ноември 2018 г.
Радовиш блескаше од убавина и беше факел на поезијата и уметноста преку богатата програма во која на еден мултимедијален начин – со спој на сите уметности се чествуваше ликот и делото на младиот македонски гениј – Ацо Караманов. Како што е општо познато Ацо Караманов, херојски загинал на 9 Октомври 1944 година на само 17 години храбро, борејќи се за слободата на Макеоднија.
Тој е првиот модерен македонски поет, којшто особено вао македонската модерна поезија ги внесува симболизмот и експресионизмот.
Во програмата на средбите учествуваа триесетина уметници и поети – членови на ДПМ и гости од неколку балкански земји и тоа еминентните пистаели од Црна Гора: Родољуб Чориќ и Татјана Вујовиќ Костиќ, познатата поетеса Роза Бојанова од Бугарија, којашто е преведувана и во Македонија, потоа извонредната кантавторка од Софија – Лили Друмева од Република Бугарија, како и поетесата од Словенија – Соња Цекова Стојаноска.
Тие се претставија со врвни уметнички дела и креации. На централната манифестација на 23 Ноември бешедоделана и наградата за најдобра поетска книга по распишаниот анонимен конкурс од страна на средбите. Во конкуренција од 40 поетски ракописи стигнати под шифра до Советот, овогодишен добитник на наградат Карманов е поетесата од Словенија со македонско потекло Соња Цекова Стојаноска за стихозбирката „Разгранети мисли во пајажина„.
Во најтесен избор влегоа и стихозбирките на поетите: Даниела Андоновска Трајковска со поетскиот ракопис „Клонирана несоница„, Сузана Мицева со „Ѕидините отаде животот„ и Михајло Свидерски со петскиот ракопис „Граници„. Советот на средбите за сите нив обезбеди вредни награди и признанија.
43 карманови поетски средби ги поздрави претседателката на Друштвото на писателите на Македонија Соња Стојменска – Елзесер, а на Поетскиот мозаик настапија и настапија петнаесетина врвни македонски писатели 0- членови на ДПМ: Михаил Ренџов, Стојан Тарапуза, Ивица Џепароски, Христо Петрески, Борче Панов, Кристина Николовска, Вања Изова Велева, Игор Крајчев, кантавторот Јовица Илиќ, Даниела Андоновска Трајковска и Марина Мијаковска, а настапија и писателот Александар Прокопиев, како и погореспомантите поети од странство.
Во рамките на програмата беше доделена и наградат „Карманов„ на Соња Цекова Стојаноска од страна на секретарот на општина Радовиш Драги Стојанов, а беа одржани и повеќе книжевни портрети. Во овој контекст на прогрмата, на радовишката публика и беа преставени поетите Марина Мијаковска за која зборуваше Христо Петрески, а потоа беше преставен и тој од страна Марина Мијаковска. Овојпат тие беа преставени како поети за деца, а имаа и средба со триесетина млади поети од сите училишта во општина Радовиш, коишто исто така се преставија со по една своја песна.
Исто така бера преставен и легендарниот Михаил Ренџов, којшто е и еден од основачите на Карамановите поетски средби. За неговото импознатно творештво зборуваше Кристина Николовска, а по оовј книѓевен портрет беше преставена и една од најуспешните млади пистаели во Република Македонија – Фросина Пармаковска. За нејзиниот роман Одбројување зборуваше Мишел Павловски.
На крајот од книжевните преставувања беа преставени и поетите – гости од странство Родољуб Чориќ, Татјана Вујовиќ Костиќ од Црна Гора, поетите од Бугарија – Роза Бојанова од Бургас и Лили Друмева од Софија, како и поетесата Соња Цекова Стојаноска од Словенија.
Генерален покровител на 45 Караманови поетски средби беше градоначалникот на општина радовиш – Герасим Конзулов, а манифестацијата ја поддржаа Министерството за култура на Република Македнија (во најголем дел), како и и ОНБ „Браќа Миладиновци„ од Радовиш и рудникот Бучим, којшто традиционално го финансира печатењето на наградената книга по конкурсот за наградата „Караманов„.