ОДРЖАНИ 48-ТЕ КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ
Дата
December 20, 2021
Категорија
Вести, КултураВо деновите од 16 до 18 Декември во организација на Центарот за култура „Ацо Караманов“ и ОНБ „Браќа Миладиновци“ а под покровителство на општина Радовиш и Министерството за култура, во Радовиш се одржаа 48-те Караманови поетски средби.
Активностите започнаа во Четвртокот со првата, воопшто организирана креативна книжевна работилница во Радовиш, на која учествуваа младите литерати од сите училишта од општина Радовиш заедно со познатите хрватски и европски писатели: Маријан Гракалиќ и Дарија Жилиќ. Резултатот од работилницата беше повеќе од очекуван, бидејки дваесетината млади литерати, на темата: сонце, планина и пандемија, за 20 мин. напишаа цела книга а своите трудови ги прочитаа пред присутните.
На централната манифестација во Петокот, на 17 Декември, Карамановите средби уште еднаш презентираа едно фантастично издание кое беше со мултимедијален и интернационален карактер.
Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, којшто е покровител на оваа најстара и најзначајна културна манифестација во Радовиш, ја имаше честа да ги прогласи за отворени средбите.
Особено впечатливи беа настапите на македонските автори како и на десетината странски автори, кои имаа свои видео обраќања и читање на поезија – специјално за Карамановите средби.
На средбите беше промовирана наградената книга со интернациналната награда Караманов 2021, „Отвор од светлина во катедралата“ на италијанската поетеса Клаудија Пичино а беше доделена и наградата за најдобар македонски автор на писателот Христо Петрески.
Во саботата на 18 Декември во ОНБ „Браќа Миладиновци“ беа промовирани Зборникот на 48-те Караманови поетски средби и наградената книга „Перганмент“ од Христо Петрески.
Со самото организирање на Карамановите средби, Советот на средбите заедно со Центарот за култура „Ацо Караманов“ и Народната библиотека „Браќа Миладиновци“ уште една докажаа дека продолжуват во континуитет да создават нови вредности во афирмацијата на творештвото на Ацо Караманов, но и во анимацијата на нашите млади таленти на кои особено се гордееме.